Превезени патници и стоки во првиот квартал

47

Фото: Pexels

Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје од 2018 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 26,7%, во градско – приградскиот превоз е зголемен за 1,6%, во железничкиот превоз е намален за 1,5%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 7,7%, според податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 27,6%, во градско – приградскиот превоз е намален за 5,6%, во железничкиот превоз за 5,1%, додека во воздухопловниот превоз е намален 7,6%.

Во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со првото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 4%, во железничкиот превоз е зголемено за 2,8%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 4,2%.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 3,8%, во железничкиот превоз е зголемено за 36,9%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 18,5%.