Превезени патници и стоки во првото тримесечје од 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 580.000 во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз 59.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 154.709.

Во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со првото тримесечје од 2020 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,8%, во железничкиот превоз е зголемено за 4,3%, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 2,6%.

Фото: Pixabay