Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.840.000, во железничкиот превоз 170.000, во градско-приградскиот превоз 20.633.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 462.878.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 8,4%, во градско-приградскиот превоз за 7,9%, во железничкиот превоз за 2,4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 34,7%.
Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 67,0%, во воздухопловниот превоз за 0,5%, додека во железничкиот превоз е забележано намалување за 31,5%.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 78,3%, во воздухопловниот превоз е намалено за 21,5%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 33,3%.














