Преземањата и аквизициите во Романија лани достигнаа 5,2 милијарди евра

33

Пазарот на спојувања и аквизиции во Романија (merger & acquisitions) забележа раст во текот на минатата година за 4%, достигнувајќи вредност од 5,2 милијарди евра, пренесува Romania Insider.

Според податоците, минатата година биле реализирани вкупно 215 трансакции, што е 26% повеќе во однос на 2018-та година, со просечна вредност од 24 милиони евра.

Во вкупен износ, 14 договори имаа вредност од над 100 милиони долари, а 16 од 40 до 100 милиони евра.

“Пазарот на спојувања и аквизиции и понатаму е интересен и според вредност и според број на реализирани трансакции. Иако сè уште не може да го достигне рекордното ниво од 5,8 милијарди евра во 2007-ма година, ние сме оптимисти за во иднина, бидејќи многу сектори се движат кон консолидација, како што е случајот со здравствениот, финансискиот и ИТ секторот“, вели експертот Дину Бубачеа.

Еден од најдинамичните сектори, во поглед на преземања и аквизиции, беа ИТ секторот, како и компании што се занимаваат со недвижнини и фармација.

Фото: Pexels