Презентација на економските и туристичките потенцијали на Солун

24

Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе се одржи презентација на потенцијалите на Град Солун.

Пред македонските бизнисмени планирано е да се обрати градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, претседателот на Комората Бранко Азески, а презентација ќе има и раководството на Солунското пристаниште.

Се очекува да бидат промовирани областите кои Градот Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка во иднина.

Настанот под назив Претставување на Солун-град на бизнисот, туризмот, транспортот, образованието и европската престолнина на младите во 2014 година, се организира на иницијатива на Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција.

За време на престојот во Скопје, градоначалникот на Солун ќе има средба со македонските новинари.