Презентација на иницијалните резултати од првото поле со сончоглед наводнувано со системот капка по капка

52

На полето на Ферхан Биберовиќ во селото Горно Оризари, Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси утре ќе ги презентира иницијалните резултати од првото поле со сончоглед во Македонија наводнувано со систем капка по капка.

На опитното поле од еден хектар се очекуваат приноси од околу пет тони, четири пати повеќе од националниот просечен принос од 1,2 тони по хектар. Квалитетот на сончогледот е исто така значително подобрен во споредба со насадите кои не се наводнуваат, а со тоа се гарантираат и повеќе од двојно поголема откупна цена. Системот капка по капка беше поставен на опитното поле во јуни оваа година со донација од Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси.

На презентацијата ќе присуствуваат одгледувачи на сончоглед од вардарскиот, североисточниот, полошкиот и пелагонискиот регион кои се заинтересирани за користење на системот капка по капка на нивните посеви.

За Македонија да ги задоволи своите потреби и да го замени увозот на сончоглед со домашно производство, доволно е просечните приноси да се зголемат за само 70%, од 1,2 тони по хектар на 2,1 тони по хектар. Системот капка по капка е ценовно најефикасниот начин за зголемување на приносите затоа што драстичното подобрениот квалитет и квантитет дозволуваат системот да се отплати за само една сезона.