Презентација на можностите на програмата Хоризонт 2020

42

fond

Во четврток и петок, 4-ти и 5-ти јуни 2015 година, со почеток во 09.30 часот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ќе се одржи презентација на можностите на програмата Хоризонт 2020 преку студии на случај организирано од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, со цел подетално запознавање со програмата и начинот на аплицирање.

Презентацијата ќе ја одржи д-р Петар Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност и трансфер на технологии, кој освен стручна подготовка, во процес на реализација има неколку успешни проекти од програмата Хоризонт 2020. Др. Моѓуроши преку студии на случај ќе ги елаборира елементите што ќе придонесе за создавање на солидна основа за успешна подготовка на проекти.

Рамковната програма за истражување и иновации (2014-2020) – Хоризонт 2020 е финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржуваат истражувањата и иновациите, со крајна цел поголем економски раст, креирање на нови работни места и зголемена конкурентност. За наредните шест години програмата располага со буџет од над 70 милијарди евра и е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи: универзитети, истражувачки центри, лаборатории, мултинационални компании, мали и средни претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани, јавна администрација, фондови, локална самоуправа и други. За малите и средни претпријатија има специјално дизајнирано инструмент со кој се финансираат три фази: подготовка, истражување и развој и комерцијализација и влез на пазар.