Презентирани новите мерки за намалување на невработеноста во Македонска Каменица

23

Агенцијата за вработување во Македонска Каменица ги промовираше новите мерки за намалување на невработеноста и за субвенционирање на нови вработувања.
На подрачјето на оваа општина се регистирани 1.100 невработени лица, од кои 490 активно бараат работа, а 520 се пасивни баратели на работа.
Менка Гугулевска од Агенцијата за вработување, оцени дека мобилната апликација за вработување наидува на голем интерес меѓу работодавачите, но и меѓу невработените, особено од категоријата на младите.
“За две недели од нејзиното воспоставување, апликацијата е посетена од над 2.400 заинтересирани лица. Мобилната апликација во иднина ќе се надградува за да можат лицата што активно бараат работа или заинтересираните за волонтирање, брзо и точно да се информираат за понудата и побарувачката на работни места”, истакна Гугулевска.