Презентирање на резултатите од проектот за женско претприемништво

31

Здружението на бизнис жени на Република Македонија денеска организира презентација на резултатите од тригодишниот регионален проект Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа, пишува Миа.

Проектот се спроведуваше од 2012 до 2015 година, а во него, освен Македонија, беа вклучени и Србија, БиХ, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Турција и Молдавија.

Во заклучоците од направените истражувања, меѓу другото, се става акцент на младите жени, девојките, и се укажува на потребата од нивно вклучување во техничките и природните науки, посебно ИТ секторот.

“Младите жени претставуваат моќен потенцијал за светската економија“, стои во завршниот документ на проектот, чии носители беа Регионалниот центар за претприемничко учење на земјите од Југоисточна Европа и Иницијативата за одржлив развој, под координација на Советот за регионална соработка.