Причини зошто платите малку растат или воопшто не растат во инфлација

95

Цените растат, но висината на платите останува речиси иста. Зошто е тоа така?

Во најголемите светски економии инфлацијата ги „јаде“ платите. Трошоците за живот стануваат сè повисоки и повисоки. Инфлацијата во САД е 8,6 отсто, додека во еврозоната е 8,1 отсто.

Платите во овие делови на светот годинава пораснале за само пет, односно три проценти. Економистите велат дека постојат пет значајни причини зошто е тоа така.

Како прво истакнаа дека синдикатите се послаби и дека ги ослабнале колективните договарања со работодавачите. Во САД, 27 отсто од работниците биле дел од синдикатите во 1979 година, а сега само 11,6 отсто се дел од синдикатите.

Друга причина е она што се нарекува скриена невработеност. Официјалните бројки покажуваат дека има ниска стапка на невработеност во САД и Обединетото Кралство, што теоретски би ги принудило компаниите да ги зголемат платите. Сепак, експертите сметаат дека реалниот број на невработени е многу поголем.

Третата причина е што во услови на криза компаниите полека се одлучуваат за зголемување на платите – кризата значи неизвесна иднина.

Четвртата причина е тоа што светот сè уште се опоравува од рецесијата што започна во 2008 година. Платите се зголемија на износот што беше пред почетокот на рецесијата.

Петтата причина зошто платите растат малку или воопшто не растат во инфлацијата е тоа што платите и инфлацијата не се поврзани како што многумина мислат дека се поврзани. Инфлацијата ги следи цените на стоките и услугите, додека висината на платите реагира на промените на пазарот на трудот.