Приходи на физичко лице остварени од странство

1163

digitron

Фото: Pixabay

Прашање: Како се пријавуваат приходи од странство како физичко лице, на основа на провизија за извршено посредување во продажба на стоки кон втора странска фирма? На кои даноци (колкав процент) подлежат овие приходи?

Одговор: Според член 14-а став 11 од Законот за персонален данок на доход, секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица претставуваат лично примање на физичкото лице.

Приходите кои што се остварени во странство подлежат на пероснален данок на доход кој физичките лица имаат обврска да го пријават во Годишна Даночна пријава во УЈП преку образецот ПДД – ГДП најдоцна до 15.03.2017 за предходната година, во овој случај 2016  година.

Според член 12 од истиот Закон стапката на данокот на доход изнесува 10%.

Плаќањето на данокот е различно, во зависност од тоа кој го плаќа данокот при исплатата на провизијата за посредување, дали исплатувачот (странецот) или физичкото лице – резидент. Во колку персоналниот данок се исплаќа од страна на странецот, според член 13 од Законот за персонален данок на доход

– Заради одбегнување на двојно оданочување на даночниот обврзник – резидент му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од член 12 на овој закон.

– Заради примена на даночното ослободување или олеснување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување, Управата за јавни приходи по барање на даночниот обврзник – резидент издава потврда за даночен резидент на Република Македонија.

Во колку персоналниот данок не е исплатен од страна на странецот, туку провизијата за извршено посредување на физичкото лице му се исплатува, во тој случај физичкото лице – резидент е должен да го плати персоналниот данок на целиот износ со стапка од 10%.

 

Ако имате прашање за Ксенија Чаминска, можете да го поставите на Бизнис советник.