
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари објави дека приходите од продажба во третиот квартал од 2025 година се зголемиле за седум проценти на годишно ниво, на 1,76 милијарди евра.
Компанијата оствари квартална нето добивка од 382 милиони евра, што претставува раст од два проценти на годишно ниво, а испораките се зголемија за еден процент на 3.401 возила, објавува Sole 24 Ore.
Дополнително, Ферари објави дека нејзината квартална EBITDA (заработка пред камати, даноци и амортизација) изнесува 670 милиони евра, пет проценти повеќе од минатата година, додека EBIT (заработка пред камати и даноци) се зголеми за осум проценти на годишно ниво на 503 милиони евра.
Заработката по акција изнесува 2,14 евра, што е за три проценти повеќе на годишно ниво. Фирмата ги потврди своите цели, кои беа објавени во октомври, и очекува приходите за целата година да бидат најмалку 7,1 милијарди евра.
„Поставивме јасен пат на развој во интерес на долгорочната вредност на брендот и со тоа создадовме основа за одржлив раст до 2030 година“, изјави извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња.











