Приходите на Трамп лани достигнаа 434 милиони долари

30

Фото: Pixabay

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година оствари вкупни приходи во висина од 434 милиони долари и долг од 315 милиони долари, покажуваат годишните финансиски податоци објавени од Белата куќа, пренесува International business times.

Тоа е намалување за 4% во однос на 2017 година, кога контроверзниот американски претседател прикажа приходи од 452 милиони долари.

Најголем дел од приходите на Трамп доаѓаат од неговите шест згради во и околу центарот на Менхетен. Остатокот е од терените за голф и книги.

Неговото одморалиште Mar a Lago во Флорида во 2018 година оствари приходи во висина од 22,7 милиони долари, додека на крајот на 2017 година приходите достигнаа 25,1 милиони долари. Неговиот голф ресорт Doral во 2018 година генерираше приходи во висина од 75,96 милиони долари.