Приходите од канабис би биле 2,5% од БДП

66

По повод одлуката на земјава да го отвори прашањето за легализација и декриминализација на канабисот, премиерот Зоран Заев за српски N1, вели дека канабисот не е легализиран, но дека се прави канабис за медицински цели и има 60 компании што го произведуваат.

“Целта ни е да имаме европски сертификати и целото производство да се насочи кон светот, каде сè повеќе се користи и имаме докажани медицински примери дека лекува мултипла склероза, епилепсија, сида…“, вели Заев.

Додава дека Канада и Америка имаат вкупни приходи повисоки од 55 милијарди долари од канабис.

“Уверен сум дека составен дел од македонската економија е медицинскиот канабис. Доколку се донесе законот којшто во моментот е во Собрание, ќе имаме производство поголемо од 250 милиони евра годишно, што е 2,5% од БДП“, изјави премиерот за N1, додавајќи дека е отворена дебата за декриминализација и легализација на канабисот бидејќи податоците од светот покажуваат дека во земјите тоа предизвикува за 38% помалку насилен криминал, а за повеќе од 20% е намалена употребата на тешки дроги.

Фото: Freepik