Приходот на германскиот фармацевтски гигант скокнал за 20% во првиот квартал

91

Компанијата Bayer соопшти дека продажбата во првиот квартал на 2020 година скокнала за 4,8% во однос на истиот период минатата година.

Нето приходот пораснал за 20% од лани, на 1,5 милијарди евра или 1,52 евра по акција.

Германскиот фармацевтски гигант наведува дека пандемијата Ковид-19 довела до поголема побарувачка, делумно поради складирање, и така ја зголемила продажбата на некои деловни единици, додека карантинoт и ограничувањата кои следеа како резултат на пандемијата од коронавирус негативно влијаеле на некои делови од бизнисот на Bayer.

Фото: Pixabay