Пријавете ја својата бизнис идеја! Презентирајте ја пред Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија

30

ideja

Рокот за пријавување на нови бизнис идеи во Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија се продолжува. Секој што има идеја за стартување на бизнис, може да аплицира на повикот, којшто наместо до 25 февруари, се продолжува до 21 март 2016. Од пријавените ќе биде направена селекција од пет идеи, кои понатаму, на 25 март ќе бидат презентирани пред Клубот на бизнис ангелите на ЦЕЕД Македонија. Доколку бизнис ангелите оценат дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин кој дополнително ќе се утврди.

На натпреварот нема ограничување во однос на индустрија, т.е. повикот е отворен за идеи од сите сфери.

Аплицирањето оди преку Gust платформата, една од најпознатите платформи за стартапи и инвеститори на глобално ниво. На оваа платформа имаат пристап сите членки на интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN, меѓу кои е и ЦЕЕД Македонија.

Апликацијата можете да ја пополните на следниот линк: https://gust.com/organizations/ceed-macedonia/funding_applications/responses/sessions/new

Регистрацијата е бесплатна.

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Во клубот моментално членуваат 16 претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.

Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година. По едногодишното постоење на CEED Macedonia Business Angels Club, во месец декември 2014 година беше направена првата инвестиција. Втората инвестиција беше направена во мај 2015 година, а во фаза на разгледување се уште четири потенцијални идеи.