Пријавување на штетите од невремето до 30 јуни

15

voda

Фото: Pixabay

Земјоделците до 30 јуни можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од невремето што на 14 јуни ги зафати Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, јавува Миа.

Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството, со приложување на лични документи, трансакциска сметка и доказ за сопственост или користење на земјиште.