Приклучете се во новата студиска програма на втор циклус студии Стратегиски менаџмент на човечки ресурси при Економскиот факултет – Скопје

191

14199764_1392053377478149_8501985925272410408_n

Пријавувањето во нова студиска програма на втор циклус студии – Стратегиски менаџмент на човечки ресурси при Економскиот факултет – Скопје е во тек. Целта на програмата е студентите да бидат способни да ја унапредуваат својата професија, да можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, да ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените и да бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.

Студиската програма е дизајнирана по примерот на студиските програми на најреномираните европски и светски универзитети. Ориентирана е кон стратегиските и меѓународните аспекти на управувањето на вработените во компаниите и во јавните институции, а наставата е базирана на најновите научни достигнувања и теоретски концепти. Програмата овозможува примена на најсовремени методи за изведување на проектно-ориентирана интерактивна настава со анализа на студии на случај и примери од практиката на светски успешните компании, реномирани професори од областа на организациските науки и подрачјето на менаџментот на човечки ресурси, ангажирање на експерти и професионалци во областа на менаџментот на човечки ресурси од земјата и странство, соработка со професионални асоцијации од областа на човечките ресурси.

Со Програмата, кандидатите се оспособуваат за следните работни места:

  • Менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
    • Претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
    • Директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции, државни агенции, во општините и во сите оние институции во кои се извршуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
    • Вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
    • Вработени во образовни институции како предавачи или истражувачи во оваа област.

Услови за запишување

Услов за запишување претставува завршен прв циклус студии со времетраење од 8 семестари или најмалку 240 кредити за едногодишните студии или 6 семестари или најмалку 180 кредити за двегодишните студии.

Начин на финансирање

Студиите се врз база на самофинансирање од страна на студентите. Цената на еден семестар е 500 евра во денарска противвредност (2 х 500 евра). Вредноста на пријавата за испит е 25 евра во денарска противвредност. Одбраната на магистерскиот труд е 1.000 евра во денарска противвредност.

Реализација на наставата

Студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси се организирани во една студиска година, односно во два семестари.
Структурата на предметите е следна:
4 задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
2 изборни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање (30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
1 изборен предмет (10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
Во првиот семестар се слушаат и полагаат три задолжителни предмети и два изборни предмети од кои еден се бира од Листата на слободни изборни предмети за втор циклус на студии од Економски факултет-Скопје и еден изборен предмет се бира од Универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус на предмети. Вториот семестар се состои од еден задолжителен предмет и еден изборен предмет кој се бира од Листата на слободни изборни предмети за втор циклус на студии од Економски факултет – Скопје. Во вториот семестар, покрај слушањето на предметите, студентите ги извршуваат и активностите за подготовка на магистерските тези и работа на магистерскиот труд.

Изведување на наставата
Петок 16:00-20:00 часот
Сабота 9:00-13:00 часот

Подетални информации за студиската програма можете да најдете на следниов линк:
– за едногодишни студии: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Programmes/61/2/38
– за двегодишни студии: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Programmes/61/2/39

Документи за пријавување

  1. Пријавен лист за запишување на УКИМ и уплата од 50.00 денари административна такса (во книжарата на факултетот);
  2. Електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
  3. Копија од уверение за завршени четиригодишни или тригодишни додипломски студии (заверена на нотар);
  4. Потврда за активно познавање странски јазик (оригинал или заверена на нотар);
  5. Кратка биографија (CV);
  6. Извод од матичната книга на родени (оригинал, без разлика на датумот на издавање);
  7. Уверение за државјанство (оригинал, без разлика на датум на издавање).

Поднесување на документи: Од 12.09.2016 до 07.10.2016 година, од 12.00 до 14.00 часот во Службата за втор циклус на студии.

Важно: Електронското пријавување на кандидатите во iKnow системот започнува од 12 септември 2016 година.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот. Бројот којшто автоматски го добил од системот за електронско пријавување (iKnow) треба да се внесе во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Важни датуми

Пријавување на кандидати:
12 септември – 07 октомври 2016
Запишување на кандидати:
20 – 21 октомври 2016

Подетални информации за условите за запишување и потребната документација можете да добиете на следниов линк: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Articles/Events/479
или на: Студентски прашања (02) 3286-829

Контакт

Раководител на студиумот
Доц. д-р Љупчо Ефтимов
eftimov@eccf.ukim.edu.mk (02) 3286-875

Секретар на студиумот
Вонр. проф. д-р Стојан Дебарлиев
stojan@eccf.ukim.edu.mk (02) 3286-916

Повеќе информации можете да најдете и на следиот линк: https://www.facebook.com/events/177016476064173/