Прилеп ќе добие нова автобуска станица до март 2013

115

До март 2013 година граѓаните на Прилеп ќе добијат нова автобуска станица, откако денес на електронска аукција, општината го продаде земјиштето од 5.300 м2 површина во близина на железничката станица.

Купувач на парцелата е Сања Шестакова, која најави дека автобуската станица ќе биде во целост изградена за неколку месеци.

“Станицата ќе биде на 500 до 700 метри квадратни со сите неопходни објекти и простор за автобуската станица. Сакаме да се категоризираме во прва категорија со работно време 24 часа. Ќе има билетарница, тобако, да се издава простор под наем за други придружни објекти. Веќе имаме искуство во ова дејност. Сопственици сме на автобуски во Берово, Штип, Велес ”, вели Шестакова.

Досегашниот Противпожарен дом, на чие место ќе се гради станицата, ќе биде дислоциран во старите простории на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко”. Новата автобуска станица ќе биде менаџирана од компанијата Пелагонија бус.

Во Прилеп денес беа потпишани и договорите за купување на градежно неизградено земјиште за градба на комерцијално деловен објект, како и на парцели за колективно и индивидуално домување.