Прилепска пиварница: Добивка од над 193 милиони денари за девет месеци

24

prilepska-pivarnica-sisinja-580x387

Прилепска пиварница од Прилеп за деветте месеци од 2015 година прикажа добивка од 193.953.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 30-ти септември 2014 година, добивката на Прилепска пиварница достигна 111.818.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од 2015 беа на ниво од 1.233.571.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 1.217.867.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 15.704.000 денари.