Прилепска пиварница испрати хуманитарна помош за населението во Србија и БиХ

19

prilepska pivarnica

Следејќи ги препораките дека храната е најпотребната донација во моментов, шлепери со 30 тони сок од Прилепска пиварница преку Црвениот крст на Република Македонија се упатија кон поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

“Кога станува збор за катастрофа од вакви размери и толку голема трагедија што се случува блиску до нас, апели за помош не се потребни. Во вакви моменти, човечката димензија треба да преовладува и секој поединец или колектив, кој колку може, треба да помогне. Се надеваме дека со донацијата од 30 тони сок, ќе придонесеме барем малку да помогнеме за населението во Србија и Босна и Херцеговина. Како компанија наш приоритет секогаш ќе биде да помогнеме онаму каде што е потребно“, изјавија од Прилепска пиварница.