Прилепска пиварница минатата година ја заврши со добивка од над 150 милиони денари

19

prilepska pivarnica

Прилепска пиварница минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 150.952.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка од 76.809.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година беа на ниво од 1.591.011.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 1.571.813.000 денари, додека на странски пазари се остварени 19.198.000 денари.