Прилепска пиварница со 156,2 милиони денари ја заокружи 2016 година

46

prilepska-pivarnica

Вкупна сеопфатна добивка од 156.215.000 денари, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, покажува билансот на успех на Прилепска пиварница.

На крајот на 2015 година, Прилепска пиварница прикажа добивка од 150.952.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември лани, изнесуваа 1.633.620.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 1.610.841.000 денари, додека на странски пазари се пласирани производи во вредност од 22.779.000 денари.

Основна дејност на Прилепска пиварница е производство и дистрибуција на пиво и безалкохолни пијалаци.