Прилепска пиварница со добивка од 107,8 милиони денари во 2018 година

29

Прилепска пиварница, во период од први јануари до 31-ви декември 2018 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 107.850.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата една година претходно беше на ниво од 178.594.000 денари.

“Во 2018 година остварен е вкупен приход во износ од 1.923.188.279 денари, којшто во споредба со остварениот вкупен приход во 2017 година бележи пораст од 3,41%. Во структурата на приходите најголемо учество има приходот од продажба на производи од 95,8%, а останатите приходи кои учествуваат со 4,2% се остварени по основ на приходи од употреба на сопствени производи, останати деловни приходи и финансиски приходи“, стои во Образложението кон постигнатите резултати од работење.

Вкупните приходи од продажба во 2018 година изнесуваа 1.842.505.000 денари. На домашен пазар продажбата изнесуваше 1.818.471.000 денари, додека остатокот од 24.034.000 денари е остварен на пазари во странство.