Прилепска пиварница за девет месеци прокнижи добивка од 212,4 милиони денари

25

 

prilepska-pivarnica

Прилепска пиварница, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 212.434.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци лани, компанијата оствари добивка од 184.223.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, заклучно со 30-ти септември 2017 година, беа на ниво од 1.386.424.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 1.369.607.000 денари, додека остатокот од 16.817.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство и дистрибуција на пиво и безалкохолни пијалаци.