Прилепска пиварница за три месеци прокнижи добивка од над 20 милиони денари

23

prilepska-pivarnica

Прилепска пиварница, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 20.038.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 41.027.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на март оваа година, достигнаа 253.441.000 денари. Од тој износ на домашен пазар е направена продажба во вредност од 247.445.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата имаше вредност од 5.996.000 денари.

Основна дејност на Прилепска пиварница е производство и дистрибуција на пиво и безалкохолни пијалаци.