Пристигнуваат пола милион кинески вакцини

46

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што се купени од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

“Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, напиша Филипче на Facebook.

Фото: Facebook