Приватен авион уреден според Фенг шуи

10

haeco-fend-shui-jet-interior-01Фенг шуи е принцип што се заснова на балансирање на енергијата, со цел да се достигне хармонија помеѓу луѓето и просторот што ги опкружува, пишува Luxurylaunches.

За прв пат е применет и во приватен авион за да им овозможи на зафатените деловни луѓе со многу обврски да се чувствуваат порелаксирано додека склучуваат важни зделки за време на летот.

Кинеската компанија за дизајн Haeco Private Jet Solutions го примени приципот на Фенг шуи во ентериерот на Xiao Yao – авион од моделот Боинг 737-800.

Кабината на Xiao Yao има распоред со слободен проток на енергија и простории што се поврзани со заоблени ходници коишто симболизираат речни меандри.

Ентериерот е декориран со природно дрво и палета на бои инспирирана од природата. Во него има спална соба, пространа ложа, трпезарија, а сликите низ целиот простор се со смирувачки амбиент.

haeco-fend-shui-jet-interior-03haeco-fend-shui-jet-interior-02haeco-fend-shui-jet-interior-04haeco-fend-shui-jet-interior-05haeco-fend-shui-jet-interior-06