Приватна колекција на ретки вина продадена за 29,8 милиони долари

25

Колекција од 17.000 шишиња луксузни и ретки вина, постави нов светски рекорд за најскапо продадена приватна винска колекција, пишува Business Insider.

На аукцијата, што изминатиов викенд се случи во Хонг Конг, одржана од страна на аукциската куќа Sotheby, финалната понудена сума ги надмина сите очекувања. Првично колекцијата беше проценета на 26 милиони долари, но истата е продадена за речиси четири милиони повеќе.

Продадените ретки шишиња Бургунди и Бордо од анонимен сопственик, го надмина претходниот рекорд поставен од милијардерот Бил Кох.

Приватната винска колекција на Кох од 20.000 шишиња, беше продадена за 22 милиони долари во 2016 година.

Фото: Pixabay