
Приватниот сектор во еврозоната порасна со најбрзо темпо за 16 месеци, бидејќи растот на услугите го надмина падот во производството, покажаа денес прелиминарните податоци на S&P за септември.
Вредноста на Композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) се зголеми во септември од 51 поен во август на 51,2 поени, што значи дека дополнително се оддалечува од границата од 50 поени што го одделува растот од контракцијата, односно падот на економската активност.
Индексот на услужниот сектор се искачи на 51,4 поени, што е најдобар резултат за девет месеци, додека индустрискиот PMI падна на 49,5 поени, што значи дека контракцијата во производството продолжува.











