Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Борис Трајковски

22

Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре (17.04.2013) и задутре (18.04.2013) ќе се асфалтира со порамнителен слој делот од булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика Стакларница.

Во текот на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по крајните две коловозни ленти во секоја насока. Сообраќајот ќе се одвива непречено, освен на делот од бензинската пумпа Марија трејд до влезот во фабриката Стакларница, каде што протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.

Градот Скопје апелира до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница од булеварот Борис Трајковски, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.