Привремени локации на УЈП поради реновирање на Регионалната дирекција Скопје

39

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите даночни обврзници и сметководствени бироа дека од 20-ти април оваа година започнуваат градежните активности за реновирање на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје, каде што ќе биде новиот Контакт центар на Управата.

Обврзниците кои се администрираат од Регионална дирекција Скопје, за времетраење на градежните активности, може да ги користат електронските услуги на Управата за јавни приходи, како и даночните канцеларии определени според тип/вид на услуга на неколку локации.

Градежните активности за реновирање на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје, каде што ќе биде новиот Контакт центар на УЈП, се реализираат во рамките на ИПА 2010 Проектот на Управата за јавни приходи Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници финансиран од Европската унија.