Продаден “совршен” дијамант за 22 милиони долари

21

??????????????????“Совршен” 100 каратен дијамант што беше пронајден во Јужна Африка се продаде за 22 милиони долари за само три минути.

Аукциската куќа Sotheby’s го процени истиот на 19-25 милиони долари, нарекувајќи го најголемиот совршен дијамант со класична смарагдна форма што некогаш се нашол на аукција.

Скапоценото парче беше ископано во рудникот De Beers, потоа совршено избрусено, полирано и доведувано до совршенство повеќе од една година и преставуваше “шлаг на тортата” помеѓу 370-те парчиња накит на аукцијата.

100-carrat-perfect-diamond-600x400

Победникот кој се наддавал преку телефон сака да остане анонимен.

Пред продажбата аукциската куќа го изложуваше дијамантот во Доха, Дубаи, Хонг Конг, Лондон и Њујорк, со цел да привлече што повеќе купувачи.

Од Sotheby’s велат дека само пет вакви слични дијаманти биле продадени на аукција, а најскапиот од нив достигна цена од 30,6 милиони во Хонг Конг пред две години.

white-oval-diamond-600x382