Во своите 20 години работа како агент за недвижнини, Арон Кирман продал недвижнини во вредност од над шест милијарди долари. Тој вели дека тоа вклучува многу напорна работа, но неговиот успех го препишува на една тајна. “Брутално сум искрен кон своите клиенти“, потенцира Кирман кој е основач на Aaron Kirman Group.
“Недвижниот имот е многу конкурентно поле. Ако агентите не им кажат на своите клиенти какви грешки прават, може да треба многу повеќе време за продажба на имотот. Ова би можело да значи дека цената може да падне бидејќи многу купувачи не сакаат да купат дом што предолго е на пазарот“, вели Кирман.
Овие пет брутално искрени работи тој ги кажал на сопствениците на недвижнини:
Имате ужасен вкус
Претпоставката е дека повеќето богати луѓе имаат вкус за дизајн, но тоа е мит. Често застарениот мебел и незгодниот распоред влијаат на изгледот на домот.
Премногу бело без тронка друга боја може да ја направи просторијата да изгледа досадна. Куќата на плажа не треба да има нешто од Њујорк. Мал простор со премногу детали едноставно изгледа премногу.
Лек? Ангажирајте професионален дизајнер на ентериер кој може да направи вашиот имот да заблеска.
Имате премногу “ѓубре“
Повеќето сопственици на домови треба да го подготват домот пред да го пласираат на пазар.
Кога потенцијалните купувачи гледаат дом исполнет со предмети (ураси), тие не можат лично да се поврзат со него.
Понекогаш морам да ги просветлам клиентите дека она што тие го сметаат за украсно за други може да е непривлечно или ѓубре.
Вашата куќа е валкана
Исчистете ја куќата пред продавање! Звучи очигледно, но сум видел толку многу луѓе кои го прескокнуваат овој чекор. Никој не сака да потроши големи пари на валкана куќа.
Вашата куќа вреди многу помалку отколку што мислите
Продавачите не ја одредуваат цената на нивниот дом. Пазарот го прави тоа. Ако продавачот ги следи сите чекори за да го подготви имотот за продажба, а тој не се продава, најверојатно е затоа што нивниот дом е прескап.
Агент на еден од моите клиенти им рекол дека нивниот дом вреди 13 милиони долари. Купувачите не беа заинтересирани и морав да им кажам на клиентите дека вистинската вредност е поблизу до девет милиони долари. Понекогаш, агентите погрешно ја претставуваат вредноста на имотот за да ја зголемат провизијата.
Изгледот на вашата куќа е грозен
Начинот на кој е дизајнирана и изградена куќата може да ја забрза или оневозможи продажбата. Неконвенционалниот изглед ќе ги одврати многу потенцијалните купувачи.
Можеби сопственикот на куќа дизајнирал и изградил дом по негов личен вкус, не размислувајќи за можноста за препродажба на имотот. Или можеби ја направиле вистинската куќа на погрешно место.
Фото:Pexels