Продажба на 1.000 хектари државно земјоделско земјиште

32

На оглас на давање под закуп на државно земјиште во Велешко ќе бидат понудени околу 1.500 хектари, најави денеска раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство во Велес, Антонио Трајковски.
Согласно програмите за работа, во Велес ќе се продаде и околу 1.000 хектари земјоделско земјиште, кое е во државна сопственост.
Трајковски информираше дека досега под закуп се дадени 10.000 хектари земјоделско земјиште и се склучени повеќе од 500 договори со индивидуални сопственици.
“Пред два месеци беше објавен оглас за легализирање на повеќегодишни насади, лозја и овоштарници на кој се пријавија околу 400 апликанти од регионот на Велес, Чашка и Градско. Заклучно од декември 2013 година беа поднесени 900 барања за легализирање на трактори и приклучна механизација”, рече Трајковски.
Според податоците на подрачната едници на МЗШВ, во Велес има регистрирано 500 земјоделци кои аплицираат за субвенции по разни мерки. Рокот за поднесување на барања за субвенции во 2014 година започнува на 16 март, а ќе трае се до 31 мај.