Продажба на земјиште за изградба на стопански објекти во Кривогаштани

45

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на стопански објекти во општина Кривогаштани, јавува МИА.

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена за изградба на лесна и незагадувачка индустрија, сервиси (мало стопанство) или стоваришта (магацини).

Се работи за 8 локации кои се наоѓаат во општина Кривогаштани. Градежните парцели кои се предмет на јавно наддавање се со површина од 1.497 до 3.664 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 04.12.2014 година.

Право на учество во јавните електронски наддавања имаат физички и правни лица, а истите ќе се одржат на 11.12.2014 година на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk.