Продажбата на електрични автомобили во Европа скокна за цели 77%

96

Со зголемувањето на цените на енергијата и сè побогатата понуда, европските купувачи брзо се свртуваат кон електрифицирани возила. Според податоците објавени од  JATO Dynamic, продажбата на електрифицирани возила драстично скокнала.

Под поимот електрифицирани возила, станува збор за сегментот на електрични и plug-in хибриди, кои во февруари постигнаа пазарен удел од дури 20%. Значително поголем раст забележале електричните возила, дури 77%, додека продажбата на plug-in хибриди се зголемила за само 6%.

Најпопуларни се теренците со удел од дури 51%, додека апсолутен лидер на пазарот на електрични возила е Tesla со удел од 18,1%, пред Volkswagen и Hyundai.

Ако се погледне глобалниот пазар од 26 европски земји, продажбата паднала за 5,4% на 794.576 примероци поради проблеми со испораката, што е најлош резултат во последните 40 години.

Во понудата на “обични“ автомобили европски број 1 повторно е VW Golf, но со пад на продажбата во однос на лани. Истото важи и за повеќето други модели во топ 10. Кога станува збор за новите производи на пазарот, одлични резултати постигнаа Renault Arkana/Megane Conquest, Hyundai Ioniq 5 (и Kia EV6) и адутите на Volkswagen моделите ID.4 и Taigo.

Во сегментот на plug-in хибридни возила, најпопуларни теренци се Peugeot 3008 и Fiat Kuga, а по нив следи BMW Series 3. Најпродавани електрични модели се Tesla Model 3 и Tesla Model Y, а потоа многу успешниот Fiat 500e.