Продажбата на нови автомобили во Германија падна на исто ниво како во 1989 година. По големиот пад на продажбата што во јули беше 40% во однос на истиот период лани, Германија се враќана ниво од пред 30-тина години.
Податоците на германското здружение на увозници и продавачи, во јуни оваа година на најголемиот европски автомобилски пазар се регистрирани 220.000 нови регистрирани автомобили, пренесуваат тамошните медиуми.
За оваа година се предвидува дека вкупно ќе бидат регистрирани 2,8 милиони нови возила или 20% помалку во однос на 2019 година.
Во првите шест месеци од оваа година се продадени околу 90.000 нови возила, па се очекува годината да се заврши со раст од 90% во однос на минатата година, кога се работи за електрични или хибридни возила.
Фото: Freepik