
Најпродаван автомобил во Русија во последните 11 месеци е Lada Granta со вкупно 176.200 примероци, а на второ место е кинескиот SUV Haval Jolion со 43.600 примероци.
Продажбата на нови автомобили во Русија од јануари до ноември се зголеми за 59 отсто на годишно ниво, на 1,17 милиони возила, објави во понеделник руското Министерство за индустрија и трговија.
Во соопштението се додава дека уделот на руските автомобили во вкупната продажба е 49,5 отсто, пренесува Комерсант. Продажбата на патнички автомобили во Русија се зголеми за 60 отсто на годишно ниво за 11 месеци на 938.600 единици, додека продажбата на лесни комерцијални возила скокна за 35 отсто на 92.300 единици.
Во истиот период, обемот на продажба во сегментот на камиони е зголемен за 82 отсто на 128.100, а во сегментот на автобуси за 24 отсто на 15.600 возила.
Пазарот на нови електрични возила е четири пати поголем од минатата година и порасна на 12.800 автомобили.
Најпродаван автомобил во Русија во последните 11 месеци е Lada Granta со вкупно 176.200 продадени возила, а потоа следат кинескиот теренец Haval Jolion со 43.600 продадени автомобили и Lada Niva со 42.200 продадени возила.