Продажбата на WhatsАpp под истрага?

16

whatsapp-FacebookЗаеднички приговор поднесоа Electronic Privacy Information Centre и Centre for Digital Democracy во американската Федерална комисија за трговија (FTC) за спроведување на истрага за продажбата на WhatsApp.

Како главна причина поради којашто FTC треба да ја спроведе истрагата за купопродажбата на WhatsApp, се наведува дека е загрозеноста на приватноста на корисниците. Познато е дека добар дел од финасискиот колач на Facebook се остварува преку рекламите, а WhatsApp до сега не ги покажуваше внатре во апликациите, ветувајќи им на корисниците дека нема да ги користи нивните податоци во рекламни цели.

Овие две организации предлагаат, ако FTC не ја сопре продажбата на WhatsApp, барем да го сопре собирањето на податоци кое го врши Facebook.

Од Facebook повторија дека купувањето на WhatsApp нема да влијае на досегашната приватност на неговите корисници. Минатиот месец Facebook го купи овој сервис за 19 милијарди долари.