Продажбата на “зелени автомобили” во Романија повисока за 185% во првите пет месеци

12

avt

Фото: Pixabay

Романците купиле 717 еко автомобили (електрични и хибридни) во првите пет месеци од оваа година, што е за 185% повеќе во однос на истиот период во 2016.

Уделот на “зелени автомобили” во тоталниот број на продадени автомобили од јануари до мај е 1,6%, пишува Romania Insider.

Најпопуларни меѓу електричните автомобили во овој периот биле Mercedes Benz, а потоа BMW и Audi. Најпродавани хибриди се Toyota и Lexus.