Продажни цени на индустриски производи на домашниот пазар во февруари

49

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7% на месечно ниво и се пониски за 0,1% на годишно ниво.

Во февруари 2019, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4% и Енергија за 0,1%.

Во февруари 2019, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 5,3% и Капитални производи за 1,1%.