Продажни цени на индустриските производи во мај

24

Фото: Pexels

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај оваа година, се пониски за 0,2% на месечно ниво, а се повисоки за 1,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%.

Во мај 2019, во споредба со мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,8%.