Продажните цени на производителите на индустриски производи повисоки за 14,8 отсто

33

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0.9 %, а на годишно ниво за 14.8 %.

Во октомври 2022, во споредба со септември, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.3 %.

Во октомври годинава, пак, во однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 14.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 33.2 %.