Продолжен рокот на отплата кај кредитите од ПКФ

51

На предлог на Развојната банка на Северна Македонија, Владата ја разгледа Информацијата за потребата за продолжување на рокот на отплата кај кредитите од Посебниот кредитен фонд (ПКФ)-Ковид 1, односно од Фондот за Енергетска ефикасност чии средства се пласираат под условите на ПКФ и го задолжи Министерството за финансии да склучи Анекс кон Договорот за администрирање на посебниот кредитен фонд (ПКФ) бр.21-307/1 од 24.01.2011 година со којшто ќе се овозможи, на барање на крајните корисници да може да одобрува продолжување на грејс периодот не повеќе од три месеци, како и соодветно продолжување на рокот на отплата на главницата не повеќе од три месеци.

Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија на компаниите од приложените список 1, список 3 и список 4 кои не ги склучиле договорите за кредит и не воспоставиле обезбедување да им дадат дополнителен рок од 10 дена за склучување на договорите за кредит и воспоставување на обезбедување, по што доколку не постапат ќе се смета дека се откажале од склучувањето на договорот и се бришат од списоците на одобрени кредити.

На оваа седница е разгледана и усвоена Информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година со Акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година, и се задолжени сите надлежни министерства и институциите одговорни за спроведување на програмата за економски реформи, да достават предлози на активности и рокови за нивна реализација преку кои ќе се исполнат Заедничките заклучоци наведени во Акцискиот план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година.

Фото: Pexels