Продолжен рокот за откупување на дворовите за едно евро за метар квадратен

20

16102013131035_edno evro Владата на Репубика Македонија донесе одлука да го прифати предлогот на Министерството за финансии да се продолжи рокот за откуп на дворните места по едно евро за метар квадратен.
Министерот за финансии Зоран Ставревски истакна дека ова е исклучително добар проект кој наиде на огромен интерес кај граѓаните во 2009 година, кога беше започнат, па се до крајот на 2012 година.
“Вкупно 162.000 семејства или лица поднесоа барање за откуп на дворното место за едно евро за метар квадратен. Сепак, има одреден број граѓани кои поради различни причини, како на пример не ја слушнале информацијата дека истекува рокот, биле во странство или почнале оставинска постапка и немале време да ја завршат, бараат дополнителен рок. Владата им излегува во пресрет на тие граѓани”, рече Ставрески.
Според Ставревски, веројатно се работи за десетина илјади граѓани кои во оваа обновена постапка или во рок од девет месеци ќе можат да поднесат барање.
“На тој начин, под рамноправни услови, како и претходно, ќе можат да го купат дворното место за едно евро за метар квадратен, да им го остават на своите поколенија и да можат да го користат понатаму за доградба или надградба на куќата”, рече Ставрески.
Министерот додаде дека сите постапки завршуваат согласно законите и процедурите. Потсети дека на почетокот дале рок со цел да поднесат барање дури и оние кои немаат комплетна документација или да им се излезе во пресрет.
“Кога така се прави, потребно е време за по службена должност да се обезбеди документацијата, која не секогаш е расположлива. Штом се заврши комплетирањето на документацијата, му се одговара на граѓаниот и тој може да го купи земјиштето”, истакна Ставрески.