Продолжен рокот за поднесување барања за средства од ИПАРД

23

ipard-5-Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го продолжува рокот за доставување барања за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 до 30 септември.

Продолжениот рок за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД.

Средствата се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Заинтересираните субјекти може да ја преземат потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.