Продолжен рокот за пријавување на Golden Drum фестивалот

21

golden drum

Golden Drum ги кани сите креативни, адвертајзинг, дигитални, ПР и медиа агенции, огласувачи, продукциски и медиски компании од 37 земји од Европа, да ги пријават своите дела до 12 септември 2015 и да се натпреваруваат за престижните Голден Драм награди.

22 Golden Drum фестивал, еден од највисоко рангираните фестивали за креативен адвертајзинг во светот го најави својот последен финален рок за пријавување: 12 септември. Golden Drum е отворен за сите агенции во 37 земји од Европа (Централна, Источна и Јужна Европа и дел од блискиот Исток) кои можат да ги пријават своите дела во 17 различни групи во 99 различни категории. Влезот и регистрацијата се достапни на: www.goldendrum.com.

Golden Drum е интернационален адвертајзинг фестивал, еден од најголемите адвертајзинг фестивали во Европа, организиран од Словенечката адвертајзинг комора, кој нуди искуство и можности за унапредување на кариерата за секој кој работи во креативната адвертајзинг индустрија, овозможувајќи лесен пристап до врвни експерти во индустријата, единствени можности за дружење, микс на култури, најдобро место за дружење. Оваа година, тема на 22-от интернационален фестивал Golden Drum кој ќе се одржи од 13-16 октомври во Гранд Хотел Бернардин во Порторож е “Трансформацијата, слободата и креативната култура”. Четири дневната програма нуди голем број на интересни говорници, преглед на креативната индустрија во 37 земји од нова Европа.

Краен ден за пријавување учество е 12 септември 2015, а краен рок за пријавување за делегати е 18 септември.

Првиот Golden Drum фестивал е организиран во 1994 година. Во изминативе 21 година, Golden Drum го посетија над 26.000 професионалци од 40 земји. Повеќе од 36.000 проекти аплицираа за престижните Golden Drum награди. Во жири беа вклучени познати адвертајзинг индивидуалци и признати професионалци од областа.