Продолжен рокот за продажба на Еурокомпозит

22

EurokompozitНа својата 130 седница, Владата ја усвои Информацијата за продолжување на рокот по Јавниот повик за продажба на акциите на Република Македонија во друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД, Прилеп.

Согласно заклучокот, крајниот рок за подигање на тендерската документација по овој јавен повик објавен на 15.12.2012 година, а изменет со известување од 29.12.2012 година, наместо на 16.04.2013 година ќе биде на 03.06.2013 година.

Kрајниот датум за доставување на понуди, наместо 18.04.2013 година, ќе биде на 06.06.2013 година, во 13 часот, а јавното отворање на понудите ќе биде 06.06.2013 година, во 14 часот.

Јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акции на Република Македонија во 11. Октомври-Еурокомпозит АД Прилеп е објавен на интернет страната на Министерство за економија.