Продолжена суспензија од котација на акциите на Топлификација

21

toplifikacija

Одборот на директори на Македонска берза, повторно ја разгледа ситуацијата поврзана со Топлификација и оцени дека сè уште не постојат услови за донесување на одлука за прекинување на суспензијата од котацијата на акциите.

“Укажуваме дека и во наредниот период при евентуалното тргување со акциите на Топлификација на Слободниот пазар на берзата треба да се имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста и за истото соодветно да се информираат инвеститорите“, стои во соопштението на Македонска берза.

Суспензијата, како што се наведува, е продолжена за нови 30 дена, почнувајќи од 21.10.2017 година.